- Advertisement -
Млекарницата „Бучен Козјак“ се здоби со диплома за партнерство со компанија со најодржив развој во светот, „Цхр.Хансен“.
Во образложението стои дека дипломата е за „активен придонес на „Бучен Козјак“ кон адресирање на најголемите предизвици во светот како што се фрлање храна, прекумерна употреба на антибиотици и одржлив развој во земјоделството“.
- Advertisement -
На Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија, во јануари годинава, „Цхр. Хансен“ беше прогласена за компанија за најодржлив развој во светот. Компанијата е основана пред 145 години во Данска. Сега работи во цел свет, како глобална био-научна компанија која развива природни решенија кои се применуваат во индустриите за храна, за фармација и за земјоделство.
- Advertisement -