4.3 C
Skopje
недела, декември 8, 2019

„Палома“ сe враќа на продажба на тоалетна хартија без амбалажа

Kabtel desktop

Во Европа, а со тоа и во Словенија сè поприсутен е трендот на купување производи во еколошки прифатлива амбалажа или воопшто без амбалажа, односно рефус. Во „Палома“ тој тренд е присутен веќе подолго време, постојано ги оптимизираат материјалите, но во моментот истакнуваат дека технологијата не им дозволува пакување без пластична амбалажа.

Затоа, од компанијата истакнуваат дека се многу горди на соработката со првата продавница во Словенија која работи без амбалажа – „Рифузл“. „Палома“ заедно со оваа продавница дошле до решение да продаваат тоалетна хартија спакувана во картонски кутии.
Тоалетната хартија е наменета за потрошувачите кои живеат според принципот „zero waste“ и достапна е во картонски кутии по 24 ролни, но можат да се купат и во поединечни ролни.

Дополнително, „Палома“ се грижи и за отпадот, така што при доставата го презема вишокот употребливи картонски кутии, кои повторно ги употребува.

Како што истакнуваат од компанијата, соработката меѓу „Палома“ и „Рифузл“ освен што има влијание во зачувување на околината, вооедно е и општествено одговорна, бидејќи на пакувањето на производите работат луѓе со инвалидитет. Освен со оваа продавница, компанијата најави соработка и со други продавници и ги повика сите останати продавници во Словенија да се приклучат кон акцијата.

Извор – www.instore.mk

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •