-1.8 C
Skopje
четврток, јануари 23, 2020

Апликацијата AirCare сега е достапна во седум држави во регионот

Kabtel desktop

МојВоздух апликацијата која за глобалниот пазар е брендирана како AirCare и на поедноставен начин ни објаснува како е квалитетот на воздухот што го дишеме сега е достапна во 7 држави во регионот. Покрај Македонија апликацијата е достапна во Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Словенија, Србија и Хрватска. AirCare во Косово и Босна и Херцеговина пристигна порано од планираното.

Со најавата за надградбата пред околу еден месец, беше најавен и „влезот“ во Косово, но г. Јовановски тогаш најави дека ова ќе се случи пред крајот на летото. Влезот во Босна и Херцеговина беше планиран пред крајот на 2019 година. Сепак се чини дека AirCare успеа и порано од планираното да заврши со подготовките за овие пазари.

„Проширувањето во други земји го правиме постепено, и секогаш воспоставуваме врска со локална невладина организација или граѓанска асоцијација за да ни помогнат во локализацијата и промовирањето. Веќе сме во контакт со партнери во Косово и се надевам дека до крај на летото Косово ќе биде активно во МојВоздух, а до крај на годината и Босна, Грција и Бугарија. Амбиции имаме и за ширење северно, но тоа останува за понатаму“, рече пред еден месец креаторот на Мој Воздух, Горјан Јовановски.

Со исклучок на Словенија, апликацијата сега е присутна во државите со најлош квалитет на воздух во регионот. Веројатно ако се оди според плановите на девелоперите пред крајот на годината сервисот ќе биде достапен и во Грција и Бугарија.

Мој воздух е достапна на Android и iOS и може да ја преземете на следните линкови:

Извор – www.it.mk

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •