-1.8 C
Skopje
четврток, јануари 23, 2020

Во продажба првиот автомобил со соларен кров во светот

Kabtel desktop

Лани есента Hyundai ги откри своите планови за опремување на новите автомобили со кровови со соларни панели. Помалку од една година од таа најава во Јужна Кореја се најде во продажба првиот модел од тие автомобили. Автомобилот Sonata Hybrid содржи технологија која ќе ја подобри ефикасноста на горивото и ќе ја намали емисијата на CO2.

Од Hyundai веруваат дека соларниот крво секојдневно ќе полни од 30% до 60% од капацитетот на батеријата со соларна енергија, а со 6 часа полнење би можел теоретски да го зголеми дометот на автомобилот за 1.300 км годишно. Иако ова не е некој огромен напредок, укажува на тоа дека соларните кровови имаат голем потенцијал во подобрување на енергетската ефикасност на автомобилите и хибридите, како и дека таквата технологија нема да биде лимитирана на луксузните брендови на автомобили и експериментални возила.

По корејскиот пазар, новиот Hyundai ќе пристигне и на американскиот пазар, додека засега немаат планови за ширење во Европа, но тоа најмногу ќе зависи од продажбата на тие пазари.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •