6.9 C
Skopje
сабота, ноември 23, 2019

Со јапонскиот гаџет Translaty можете да разговарате на повеќе од 40 јазици

Kabtel desktop

Translaty е генијален гаџет кој го менува начинот на кој луѓето ширум светот комуницираат меѓусебе. Со него можете да разговарате на повеќе од 40 јазици. Овој џебен уред-преведувач ви помага да комуницирате речиси со кого било на планетата на нивниот мајчин јазик без да познавате ниту еден збор од тој јазик.

Досега Translaty го користеа главно светски лидери и богаташи, но отсега е достапен за сите заинтересирани купувачи. Translaty го креираа Јапонци, а како што велат, полесно е да се потрошат неколку стотини марки на уред кој познава повеќе од 40 јазици отколку многу повеќе пари на учење нови јазици.

За да го користите овој гаџет не ви се потребни никакви посебни вештини. Потребни се само четири едноставни чекори за да комуницирате на кој било јазик. Најпрвин треба да го изберете јазикот на кој сакате да зборувате, потоа го држите притиснато копчето „А“ и кажувате што сакате. Откако ќе го пуштите копчето, Translaty ќе го преведе тоа што сте го рекле. Копчето „В“ го држите притиснато додека зборува соговорникот, а кога ќе го пуштите, Translaty ги преведува неговите зборови.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •