4.3 C
Skopje
недела, декември 8, 2019

На ледената покривка на Гренланд и се заканува катастрофа

Kabtel desktop

На мразот, ледената покривка која го покрива Гренланд и се заканува катастрофа од несогледливи размери. Ова лето поради повисоките температури мразот се топи двапати побрзо од вообичаено.

За само еден месец се истопија речиси 200 милијарди тони вода, а минатата недела за само еден ден се истопија околу 11 милијарди тони мраз поради температурата од околу 22 степени Целзиусови, која не е вообичаена за Гренланд овој период од годината.

Тоа е еднакво на водата со која би се наполните дури 4 милиони олимписки базени. Арктикот се загрева двапати побрзо од кое било друго место на Земјата, а бројот на денови кога почвата е покриена со лед се намалува секоја деценија.

Годинава таму има топлотен бран и низ Алјаска и на Сибир беснеат пожари. Ледената покривка на Гренланд нема светла иднина. Според прогнозите, допрва треба да го очекуваме најголемото топење на мразот бидејќи поради сушната зима немаше доволно снег за да ги рефлектира сончевите зраци и да ја одржува температурата на почвата ниска.

Водата и ледот од глечерите ја апсорбираат топлината на сончевите зраци и го забрзуваат процесот на топење.

Greenland’s ice sheet is facing disaster

200 billion tonnes of water were lost in a single month. 🔎 Learn more about how climate change is affecting Greenland's ice sheet: https://wef.ch/31eRLnC

Posted by World Economic Forum on Понеделник, 05 август 2019

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •