7.9 C
Skopje
четврток, ноември 21, 2019

На птиците во Нов Зеланд ќе им требаат 50 милиони години за да се опорават од штетата која им ја нанесуваат луѓето

Kabtel desktop

Откако пред 700 години стигнале на Нов Зеланд, луѓето во толкава мера ја имаат уништено тамошната популација на птици што за да се опорават на птиците ќе им требаат 50 милиони години. Регенерацијата на толку разнолик птичји свет каков што имало на Нов Зеланд би траела многу подолго отколку што постои човештвото, велат научниците.

Повеќе од 70 видови птици изумреле во периодот по доаѓањето на луѓето на Нов Зеланд, а уште 30 видови се на работ на опстанок иако се преземаат засилени мерки и напори за да се сочуваат. Меѓу видовите кои се пред изумирање е и големиот ноќен мирољубив папагал какапо. Тоа е единствениот вид папагал кој не може да лета, а дојде на работ на опстанок поради животните кои пристигнале со луѓето како што се глувците, куните и мачките.

Какапо се гнезди на тло и еволуциски нема никаква одбранбена стратегија против тие животни. „Ако изумрат и тие критично загрозени врсти, за опоравување ќе бидат потребни дополнителни 10 милиони години“ напишаа научниците кои дошле до своите заклучоци проучувајќи фосили и користејќи компјутерски симулации за пресметување на резултатите.

Поради својата географска изолираност Нов Зеланд е дом на причји свет каков што нема никаде на друго место. Тука живее и новозеланскиот национален симбол – киви, птицата која не лета.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •