-0.5 C
Skopje
вторник, февруари 25, 2020

Наместо флексибилни телефони, LG подготвува телефони со два екрани

Kabtel desktop

LG уште не сака да ја тестира технологијата за флексибилние екрани на телефони на своите официјални модели, па се одлучија за поедноставно и прилично ефикасно решение – телефони со два екрани. На почетокот на годинава компанијата најави револуција на пазарот за паметни телефони – еластични мобилни уреди, односно некој вид на хибрид меѓу мобилен телефон и таблет, кој во текот на наредните неколку години треба да го смени начинот на кој ги користиме телефоните.

Но, се покажа дека амбициите на водечките компании на пазарот биле малку поголеми од можностите на самите уреди, па по проблемите со екраните, инженерите на Samsung мораа да ги вратат во лабораторија за да ги подобрат, додека уште го чекаме почетокот на продажбата на флексибилниот телефон на Huawei.

Од LG претходно коментираа дека според нив, уште не е време за такви уреди и ќе почекаат додека не напредне технологијата и додека не се решат почетните проблеми. Наместо телефони чиј екран може да се витка, LG минатата година откри поедноставно решение – втор екран на телефон. Благодарение на поесбното куќиште, вториот екран се поврзува со телефонот и на него може да се стартуваат апликации или да се користи како продолжение на содржините на основниот екран.

Вториот екран е идеален за луѓе кои сакаат да прават повеќе работи одеднаш. На пример, на вториот екран може да се отвори YouTube и да се ужива во музиката или да се отворат мeјлови, додека на главниот да се работат накои основни работи. Исто така, вториот екран може да послужи и како простор за виртуелен контролер во видеоигрите, со што ќе биде уште подобро искуството на играње игри на телефон.

На официјалниот канал на LG Mobile на YouTube е објавено видео во кое компанијата не информира што подготвува и што ќе претстави на саемот IFA во Берлин идниот месец.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •