You Are Leo е прошетка низ центарот на Милано и патување низ времето кое е можно со технологија која ќе им овозможи на посетителите да ги следат стапките на Леонардо: почнувајќи од Катедралата Дуомо, Кралската палата каде Леонардо имал работилница до Pinacoteca Ambrosiana, продолжувајќи до Porta Vercellini за конечно да се стигне во комплексот Santa Maria delle Grazie.
Проектот настана во соработка помеѓу Way – We Augment You, милански стартап кој работи во областа на културата и туризмот со користење на технологија на проширена и виртуелна реалност за да понуди 360 ° искуство и Ad Artem, кој е активен веќе 25 години во образованието и промовирање на уметноста.
По научното истражување за правилната филолошка реконструкција, создадена е виртуелна тура која го прикажува Милано како што го видел и доживеал самиот Леонардо да Винчи. Оваа апликација е вистинско туристичко патување низ градот и виртуелно низ времето. Всушност, се работи за прошетка од 1,5 км која трае еден час и 40 минути, за време на која посетителите повторно ќе ја видат и доживеат таа реалност околу нив, како и уметничките дела и уметноста од тоа време.
(Marketing365.mk)