19 C
Skopje
понеделник, јуни 1, 2020

Овие батерии можете да го полните со USB

Kabtel desktop

Батериите кои ги користиме во уредите во секојдневниот живот на крајот откако ќе се испразнат ја загадуваат нашата животна средина. Компанијата Pale Blue има одржливо решение со високи перформанси. Нивните батерии АА и ААА се паметни литиум-полимерни батерии на кои на секоја има отвор за микро USB со опција за брзо полнење.

Тие може да се наполнат за многу кратко време со едноставно микро USB. Полнењето трае пет пати пократко отколку полнењето на никел-металните хибридни батерии. Една Pale Blue батерија во својот животен век може да спречи повеќе од 1.000 алкални батерии да завршат на отпад.

Во тек е кампања за собирање средства на платформата Kickstarter. За само десетина дена Pale Blue собраа 20 пати поголема сума од првично побараната, а остануваат уште 21 ден до крајот на кампањата. Ако сакате да си купите вакви батерии, можете да донирате 219 долари за кампањата и ќе добиете 4 ААА батерии или да донирате 250 долари и ќе добиете 4 АА батерии. Првите батерии ќе бидат доставени во ноември годинава.

USB-Rechargeable Batteries

USB rechargeable batteries – power up while also saving the planet. Get yours here: http://bit.ly/31WtsLF

Posted by Startup Selfie on Петок, 23 август 2019

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •