7.8 C
Skopje
понеделник, февруари 17, 2020

Само пет алкохолни пијалаци неделно можат да ви го скратат животот

Консумирањето само пет алкохолни пијалаци неделно може да додеве до рана смрт, тврдат научнциите. Пиењето само 100 грама алкохол неделно, што е еднакво на пет чаши вино, го зголемува ризикот од смртност, покажа студијата неодамна објавена во медицинското списание The Lancet.
Во истражувањето биле анализирани 600.000 луѓе во 19 земји. Резултатите покажале дека луѓето кои пијат повеќе имаат поголеми шанси да добијат мозочен удар, инфарт или аневризам. Пиењето од 200 до 350 грама алкохол неделно, што е еднакво на 10 до 18 чаши вино, може да го скрати животот на една просечна личност за една до две години, се наведува во студијата.
Заклучок од истражувањето е дека граничната вредност на внес на алкохол треба да биде пониска од најголем дел од официјално препорачаните во светот. Обединетото Кралство неодамна претстави нови препораки за луѓето за пиење алкохол, односно вино. Тие препорачуваат луѓето да не пијат повече од шест чаши вино неделно. Од друга страна, препораките на центрите за контрола и превенција на болести во светот велат дека жените можат да пијат до еден алкохолен пијалак неделно, додека мажите можат да пијат до два пијалаци.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •