За оваа мерка ЕСМ ќе може да одвои од 3 до 4 милиони евра, вели директорот на компанијата Васко Ковачевски.
Опфатени ќе бидат жителите на Скопје, Битола, Тетово и Кичево, како градови кои имаат најголемо загадување на воздухот. Конечна одлука се уште нема, деталите ќе бидат соопштени откако ќе ја донесе Владата.
Мерката, како што информира министерот Бектеши, ќе почне да се спроведува како пилот-проект во четири града, и тоа Битола и Кичево како градови во кои има термоелектрани, Скопје како главен град и Тетово како еден од најзагадените во земјава.
– Во зависност од интересот и ефектот на оваа мерка, за наредната година ќе предвидиме и дополнителни средства што ќе бидат проширени и на останатите градови – потенцира Ковачески.