18.5 C
Skopje
понеделник, октомври 14, 2019
Почетна Што прави светот? Кинескиот џиновски телескоп откри мистериозен сигнал од далечна галаксија

Кинескиот џиновски телескоп откри мистериозен сигнал од далечна галаксија

Kabtel desktop

Ни испраќа ли некој таинствени сигнали и дали се обидува некој да комуницира со нас? Тешко е да се каже, но она што го открија кинески астрономи е повеќе од интересно. Станува збор за повторлив брз радиски импулс, кој моментално никој не може да го објасни. Од крајот на август до 3 септември кинескиот радиотелескоп Aperture Spherical Radio Telescope – FAST откри 12 сигнали кои доаѓаат од мала галаксија оддалечена околу 3 милијарди светлосни години од Земјата.
Првите такви брзи радиски импулси астрономите ги откриле уште во 2007 година и за нив е специфично да се појават само еднаш и да исчезнат. Исто така, не се познати ни причините за нивното настанување, па научниците можат само да нагаѓаат како настанале. Некои од теориите вклучуваат непознати природни феномени, дел од научниците сметаат дека се настанати како резултат на многу брза ротација на силно магнетно поле на неуронски ѕвезди, додека за јавноста се најинтересни теориите за вонземјани кои ни испраќаат пораки.
Што се однесува на сигналите кои ги долови телескопот FAST, тие се појавиле двапати претходно – во 2012 и во 2015 година. Астрономите моментално не можат да го објаснат тој феномен, но не сакаат да избрзаат со заклучоците, така што мистеријата за тие брзи радиски импулси ќе потрае уште некое време.

Kabtel golem pod glavno menu 14.10.2019
Сподели!
  •  
  •  
Сподели!
  •  
  •