-1.4 C
Skopje
среда, јануари 22, 2020

Ова е најетичкиот паб во светот

Kabtel desktop

Дали сте слушнале за лондонскиот паб The Green Vic, кој со тоа што ги вработува бездомниците и во чие мени можете да најдете пиво направено од леб ја заслужи титулата најетички паб во светот. За само три месеци од отворањето сопственикот на пабот Ренди Рамперсад обезбедил доволно финансии за кушување половен мебел, сапуни кои ги направиле слепи луѓе, тоалетна хартија направена од рециклирана хартија и пијалаци кои ги прават социјални претпријатија кои донираат во добротворни цели. .
Ренди го стартувал проектот со надеж дека просечниот паб ќе може да донира во добротворни цели без да ја смени својата секојдневна рутина. Во пабот се вработени бездомници и луѓе со инвалидитет. Сета храна е на растителна основа и се избегнува фрлање на отпад на депонија со рециклирање и компостирање .
„Парите од секој пијалак што ќе го купите одат во различни добротворни организации. Сапунот во тоалетите, тоалетната хартија, униформата на вработените, сите тие на некаков начин им помагаат на бездомниците или ги враќаат парите во добротоврни цели“ вели сопственикот на пабот.
Пијалаците од листата во пабот имаат врска со повеќе од 40 добротворни организации. На пример, пивото Brewgooder craft lager, кое можете да го купите за 6,14 долари, го произведува непрофитна организација која своите пари ги донира за проекти за прочистување на водите во Африка. Пивото Toast Ale, пак, кое чини 6,78 долари, се прави од свежи остатоци од леб.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •