Белгиски истражувачи докажаа дека загадувањето на воздухот директно влијае врз неродените бебиња

- Advertisement -

Неродените бебиња директно се изложени на згадениот воздух, покажа едно истражување во Белгија. Честички од загадениот воздух се пронајдени на постелката, што укажува на тоа дека неродените бебиња директно се изложени на јаглерод моноксидот и другите загадувачи на воздухоит кои ги испуштаат моторните возила.
Ова е прво истражување кое покажа дека низ постелката може да поминат помали честички кои ги вдишиле мајките. На постелките кои биле предмет на истражување се пронајдени илјадници штетни честички, а истражувачите анализирале 25 постелки од мајки во беглискиот град Хаселт кои не се пушачи.
Првите извештаи за можни траги од загадениот воздух кај постелките се појавија минатата година, но сега тоа е потврдено. со новото истражување, тврдат истражувачите од Белгија, потврдена е врската меѓу изложеноста на загаден воздух и зголемениот број на спонтани абортуси, предвремени пораѓања и помалата тежина на новороденчињата.
Спорес итражувачите, самите честички може да бидат причина за проблеми во бременоста и подоцна, а не само на воспаленија кај мајките. Оштетувањата на фетусот имаат доживотни последици, а професорот Тим Норот од Универзитетот Халест во Белгија, кој го водел истражувањето, истакнува дека ова е најчувствителната доба од животот кога сите органски системи се во развој и поради заштита на идните поколенија, мора да ја намалиме нивната изложеност на загадувањето.

Сподели!
- Advertisement -