9 C
Skopje
четврток, јуни 4, 2020

Скутерот MiniFalcon може да се склопи и да се носи во ранец

Kabtel desktop

Ова е MiniFalcon, електричен скутер кој кога ќе се склопи го собира во вашата чанта или во ранец. Кога ќе се склопи, долг е помалку од 60 см. Направен е од алуминиум кој се користи за изработка на вселенски летала и може да издржи тежина од околу 100 кг. Дршката напред функционира на принцип на телескоп и може да се издолжи во зависност од вашата висина.
Скутерот има мотор од 250 вати кој не создава никаква бучава и има максимална брзина од околу 25 км/ч. Батеријата на скутерот трае навистина долго време, а се полни целосно за само два часа. Системот за складирање кинетичка енергија дополнително ја полни батеријата кога се спуштате по удолница или кога кочите.
На задниот дел скутерот има две тркала кои не може да се дупнат и вградена технологија за дупло кочење. Исто така, има и вертикален дигитален дисплеј. Можете да го нарачате во претпродажба преку платформата Indiegogo по цена од 657 долари, а првите скутери ќе бидат доставени во октомври годинава.

Foldable scooter that fits inside your bag

This high-performance e-scooter fits in a backpack.More info: http://bit.ly/2m2aALK

Posted by Startup Selfie on Сабота, 21 септември 2019

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •