7.2 C
Skopje
вторник, февруари 25, 2020

Од 26 до 28-ми Македонски вински фестивал во Скопје

Kabtel desktop

По 14. пат, традиционално во Скопје ќе се одржи најголемиот македонски вински фестивал. На „Скопје вајн експо“ (Skopje Wine Expo) посетителите ќе имаат можност да уживаат во најдобрите македонски вина, деликатеси и богата музичка програма, соопшти организаторот.

Фестивалот ќе се одржи од 26 до 28 септември на платото пред МОБ ( Плоштад „Мајка Тереза“) и ќе настапат: Ефто Пупиноски и Блага Петреска, „Тропико Бенд“, „Слаткаристика”, „Ареа“, Тоше Проески Трибјут ( Александра Јанева и Марко Логаут), „Нокаут“, Криско и Графа од Бугарија, „Либеро Бенд“ и многу други. На фестивалот ќе има дегустација на сортни вина, голем избор на гурмански специјалитети, вински коктели како сангрија и вино мохито и забави кои ќе започнуваат од 18:00.
Фестивалот се одржува под покровителство на Град Скопје, а посетителите ќе имаат можност да уживаат во македонските вина, гурмански специјалитети, но и музика за сите вкусови.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •