Откако најавија на Instagram, и Facebook од денес почнува да го сокрива бројот на лајкови на објавите, прво во Австралија, а потоа и во други земји. Сопствениците на кориснички профили и понатаму ќе го гледаат бројот на лајкови и реакции на секоја објава, но тоа нема да го гледаат и нивните пријатели.
Целта на ограничувањето на влидливоста на бројот на лајкови е Facebook да се претвори во мрежа на која повеќе нема да биде важно кој колку лајкови има, односно кој е попопуларен. Facebook од претходно почна да ги тестира новите опции на Android уреди. Најпрвин тестирања се вршеа во Канада, а потоа до јули годинава се проширија во уште шест земји.
„Спроведуваме лимитирани тестови во кои лајковите, реакциите и прегледите стануваат приватни. Сакаме да видиме какви се повратните ракции на корисниците за да сфатиме дали оваа промена ќе го подобри нивното искуство на нашата социјална мрежа“, велат од Facebook.
Доколку овие тестирања и воведувањето на т.н. приватност на лајкови на Facebook во Австралија позитивно делуваат на луѓето без да им пречат, новата опција ќе може да се прошири и на повеќе земји или дури да ја добијат сите Facebook корисници во светот. Крајната цел е луѓето да се чувствуваат добро кога на Facebook изразуваат ставови и мислења. Од социјалната мрежа истакнуваат дека сакаат луѓето да се фокусираат на квалитетот на она што го споделуваат и на начинот на кој таквите содржини ги спојуваат со луѓе кои тоа навистина ги интересира, а не со групи кои само стават „подигнат палец“ на се што ќе видат.
Facebook од денес почнува да го сокрива бројот на лајкови и реакции на објавите
- Advertisement -
- Advertisement -