7.2 C
Skopje
вторник, февруари 25, 2020

Овој јапонски град воведе блокчеин гласање и соживот со роботи!

Kabtel desktop

Овој јапонски град соработува со научници на создавањето на своите закони буквално за се – од законите за мобилност на роботите до блокчеин гласање. Градот Цукуба е пионер на полето на планирањето и развојот на градовите.
„За нас беше опредизвик да воспоставиме врска меѓу науката и  градот затоа што во Цукуба има многу истражувачки институции, но тие немаат вистинска прилика да комуницираат со градските власти. Затоа нашите закони не беа базирани на научни докази. Сега сакаме да ги поврземе тие два дела од нашиот град и да создадеме заедничко решение за градските закони“ вели градоначалникот на Цукуба, Цацуо Игараши.
Ова се трите полиња на кои Цукуба е пионер во светски рамки. Првото е блокчеин гласањето. Цукуба го има првиот систем во Јапонија за блокчеин гласање. Гласачите ги скенираат нивните лични карти за да гласаат. Во 2018 година жителите на Цукуба можеа да изберат за која програма за општествена развој ќе ја дадат својата поддршка. Цукуба се надева дека со овој систем ќе ја зголема излезноста на избори, особено меѓу младата популација.
Второто поле е роботизирани градови. Цукуба сака луѓето и роботите да живеат заедно во хармонија. Таму често се тестираат роботи по градските улици. Додека одите по улица во Цукуба можете да видите знаци на кои пишува „По овој пат можете да наидете на роботи“. Градот се смета за првата јапонска експериментална зона за мобилност на роботи. Меѓу иновациите кои се тестираат во градот е и роботизираниот костим кој им помага на луѓето со дегенеративни болести да проодат и автоматизирана количка која исто така им помага на инвализидираните луѓе да застанат на нозе.
Третото поле е здравјето на луѓето и на природата. Цукуба промовира т.н. „животни иновации“ за да овозможи што поздраво стареење. Истражувачите таму работат на развој на револуционерен третман за рак и на други иновативни медицински уреди. Цукуба има и три зелени иновациски проекти: енергија од биомаса од алги, нанотехнологија и систем за рециклирање на урбани мини.
Градоначалникот на цукуба се надева дека неговиот град ќе инспирира други иновативни градови. Тој верува дека мисијата на Цукуба е многу едноставна – да придонесе за развој на човештвото така што ќе ги подобри животите на луѓето преку наука и технологија.

This Japanese city works with scientists to make its laws

Building the future. 🔎 Learn more about innovative cities: https://wef.ch/2M2VDCp

Posted by World Economic Forum on Петок, 20 септември 2019

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •