Пејџерите официјално отидоа во историја

- Advertisement -

Денес пејџерите во Јапонија заѕвонеа за последен пат. Последниот сервис за пејџери во оваа земја „Токио Телемесиџ“ денес престана со работа. Останале помалку од 1.500 претплатници, од кои поголемиот дел се здравствени работници.
Се наведува дека последниот приватен корисник бил Кен Фуџикура, кој го задржал својот пејџер само затоа што неговата 80 годишна мајка најмногу сака да контактира на тој начин.
-Со оглед на тоа дека само мојата мајка го знае бројот од пејџерот, знаев дека (кога пејџерот ќе се огласи) е мојата мајка. Со телефонот не сум сигурен дали е нешто итно, вели Кен.
Во неделата, погребна фирма во Токио поставила шатор близу железничката станица каде луѓето можеле да положат цвеќе и да одадат почит кон џебното ѕвоно- пејџерот.
Креирани во педесеттите, пејџерите својата слава ја доживеаја во осумдесеттите години. До 1996-та година, компанијата „Токио Телемесиџ“ имала 1,2 милиони претплатници. Беа популарни меѓу работниците, како и меѓу средношколците кои користеа нумерички код за да разменуваат пораки. Но набргу по комерцијализацијата на пејџерите пристигнаа и мобилните телефони кои означија крај на една ера.
Во Велика Британија, Националната здравствена служба се уште користи 130.000 пејџери, но и тие ќе бидат исфрлени од употреба во 2021-ва година.

Сподели!
- Advertisement -