Успешна екo акција на општествено одговорни компании и невладини организации

- Advertisement -
Над 35 вреќи смет собраа учесниците во еколошката акција „Биди ин, биди фин, користи Recycle Bin”, во центарот на градот, што денеска напладне ја организираа млекарницата „Бучен Козјак“, „Киме граф“ , граѓанската иницијатива „Не биди ѓубре” и „Пакомак“, со поддршка од Општина Куманово и ЈП „Чистота и Зеленило”.

Во акцијата учествуваа педесетина граѓани, волентери од невладини организации, извидници, планинари и вработени во приватни фирми, јавни претпријатија и Општина Куманово.
„Со денешната акцијата сакаме да пратиме порака до сите наши сограѓани, коишто во моментов се на кафе и ќе не гледаат од страна, дека ние го сакаме нашиот град, сакаме да шетаме по чисти улици и наша заложба е нашите деца да живеат во чиста животна средина, да не чекаме само ЈП „Чистота и зеленило“ да се грижи за хигиената во градот“, – изјави Андријана Колевска- Недељковски, од здружението „Не биди ѓубре“.
Таа посебно ја истакна и јавно се заблагодари за соработката на компаниите „Бучен Козјак“ и „Пакомак“, коишто дадоа несебична поддршка и помош во организацијата, а со своите вработени учествуваа и во реализација на акцијата.
„Како општествено одговорна компанија сакаме нашите сограѓани да не следат во она што ние денеска го направивме, да иницираме подигнување на свеста не само кај возрасните туку и кај дечињата, да создадеме млади генерации кои ќе се грижат за животната средина и да внимаваат каде ќе ги фрлаат отпадоците од храната. Искрено многу ми е криво кога нашите сограѓани кога ќе излезат надвор од Македонија во европските земји забележуват колку е чисто, колку луѓето се грижат за околината, а истите тие кога ќе се вратат дома тоа не го применуваат, нити го почитуваат. Ја користам оваа прилика да испратам порака до сите мои сограѓани, да се подзамислиме за хигиената во нашиот град која зависи само од нас.  Ѓубрето не од оние коишто случајно ќе поминат туку или ни се на гости, туку од нас коишто секојдневно живееме во Куманово“, изјави Спасовска.

Директорот на „Пакомак“ Филип Ивановски, истакна дека тие ги подржуваат сите акции на компаниите и општините за справување со отпадот, со цел да се зголеми еколошката свест кај граѓаните.
„Не можеме ние толку да исчистиме колку што несовесните граѓани можат да фрлат отпад. И ова е еден начин на повик на граѓаните, укажување, да внимаават како се однесуваат пред се со нивниот личен отпад, џебниот, да го фрлаат во кантите, а потоа и отпадот од домаќинставата да го фрлаат во соодветни конетејнери или да го селектираат, и сите да придонесме за почиста средина и заштеда на ресурсите во градот, изјави Ивановски.
Заедно со волонтерите чистеше и градоначалникот Максим Димитриевски и дел од вработените во Општината. Најмногу ѓубре имаше расфрлано во и околу запуштените угостителски објекти во зградата на Центарот за култура.
„Се обидуваме да ги исчистите овие зафрлени и напуштени места, во централното градско подрачје, бидејќи претставуваат темпирана еколошка бомба. Се надевам дека ваквите акции ќе продолжат и понатаму и голема благодарност до сите учесници во акцијата. Со ова сакаме да испратиме порака до сите граѓани да се грижат за хигиената во градот“, изјави градоначалникот Димитриевски.

Сподели!
- Advertisement -