18.5 C
Skopje
понеделник, октомври 14, 2019
Почетна Почетна 1 Хрватска го доби првиот киборг - со движење на рацете ќе отвора...

Хрватска го доби првиот киборг – со движење на рацете ќе отвора врати и ќе плаќа сметки

Kabtel desktop

Денис Периша, жител на Шибеник познат и како Даркмен, вгради чип под кожата кој му овозможува со движење на раката да плаќа сметки во продавници и во банки, а на чипот со големина на зрно ориз ги има и сите шифри за отклучувањ на врати, мобилни телефони и останати уреди кои Периша смета дека му се потребни.
Првиот киборг го направил тоа затоа што сака напредна технологија и за да не носи еден куп клучеви, картички и лични документи со себе.  „Тој XNT чип на кој може да се стават сите картички и документи го нарачав пред некое време преку интернет страницата Dangerous Things, но дури сега најдов некој што ќе сака да ми го вгради. Не е баш пријатно име за веб страница, но мене ме привлече. Колку што проучував, доста луѓе тие чипови ги вградуваат самите, но сепак не сакав да ризикувам и најдов приватна клиника во Задар која тоа ми го направи за пет минути со локална анестезија. Не знам некој Хрват кој го направил ова досега“ вели најпознатиот хакер од Шибеник.
Тој не е сигурен дали тоа што го направил воопшто е легално. Вели знае дека во некои земји сакаат да го забранат вградувањето чипови, меѓутоа мисли дека во Хрватска воопшто не постои закон па уверен е дека не направил ништо погрешно. Тој чип сака да му го олесни секојдневниот живот. Вели дека не чувствува никаква болка, но сепак пиел таблети за случајно да не дојде до инфекција.
На раката под палецот му се гледа мала лузна, но дека чипот не му пречи во секојдневните активности докажа така што уште наредниот ден се искачуваше по зградите во Шибеник и ги средуваше градските WiFi мрежи.

Kabtel golem pod glavno menu 14.10.2019
Сподели!
  •  
  •  
Сподели!
  •  
  •