14.9 C
Skopje
недела, ноември 17, 2019

Во иднина ќе плаќаме со отпечаток од прст

Kabtel desktop

„NatWest“ започна тримесечно тестирање на таканаречените биометриски кредитни картички за отпечаток од прст, во тестирањето ќе бидат вклучени 150 клиенти.

Банката претходно пилотираше биометриски дебитни картички, но сега се издадени за прв пат.

Биометриските кредитни картички ќе понудат бесконтактно плаќање со помош на отпечатоци од прсти за трансакции до 100 фунти.

Орџ Булкли, директор за иновации, од „NatWest“ вели:

“Следејќи го успешниот пилот на нашата биометриска дебитна картичка, ние сакаме дополнително да ја тестираме нашата технологија за кредитни картички. Ова е најголем развој во технологијата на картички во последниве години, и не само што отсуството на код ја зголемува безбедноста, туку им го олеснува и на нашите клиенти да плаќаат за стоки или услуги”.

„NatWest“ соработува со MasterCard и дигиталната компанија „Gemalto“ во Велика Британија.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •