4 C
Skopje
сабота, април 10, 2021

Ратоботодавaчите во Јужна Кореја кои ќе дозволат малтретирање на вработени, ќе одат во затвор!

Kabtel desktop

Работодавачите во Јужна Кореја кои ќе дозволат матретирање на вработените на работно место ќе завршат во затвор. Земјата воведе нови строги закони за да спречи злоупотреба на работниците и да се стави крај на недоличното однесување како озборувањето, игнорирањето на вработените или давањето премногу работни обврски, принудувањето на колегите да шијат, пушат или да вршат некои функции.

Повеќе од две третини од работниците во Јужна Кореја тврдат дека биле малтретирани на работното место, а некои од нив и секој ден, но ретко кои се жалат на непримерно однесување. Новите правила имаат за цел да стават крај на т.н. „гапџил“ или корејскиот термин за малтретирање.

Прекршителите на законот ќе добијат казни затвор до 3 години и парична казна од максимум 25.000 долари. Малтретирањето честопати ја намалува самодовербата на работниците, ги става под стрес и им го нарушува расположението. Тоа, пак, доведува до појава на анксиозност или депресија и компаниите плаќаат многу пари за да го решат тој проблем.

Шведска беше првата земја во светот која воведе ефикасни закони за малтретирањето на работното место уште во 1993 година. Таквото однесување сега е забрането низ Европа и во многу други делови од светот, како во Канада, Австралија и Јапонија. Но, и покрај добрите намери, не секогаш се спроведуваат законите на дело.

In South Korea employers who allow workplace bullying will be sent to jail

Tackling workplace 'gapjil'.📕 Read more: https://wef.ch/32LfbTa

Posted by World Economic Forum on Петок, 11 октомври 2019

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •