12.8 C
Skopje
сабота, ноември 27, 2021

Поради климатските промени, Сибир се претвора во џиновско мочуриште

Cementarnica USJE, mobile 19.11.2021

Сибир се претвора во џиновско мочуриште како последица на климатските промени. Земјиштето кои со милениуми било замрзнато сега се растопува и формира плитки езера. Поради тоа многу гладови и села сега лежат на нестабилна почва.

Нивоата на реките се покачуваат и течат се побрзо, а земјата која некогаш била плодна и погодна за земјоделство и сточарство сега се преполовува. Како што се топи мразот, се откриваат и телата на животни кои биле мртви и замрзнати со илјадници години. Како што нивните тела почнуваат да скапуваат, почнува да се шири неподнослива миризба.

Источниот дел на Јакутија се затопли за повеќе од 3% од времето пред Индустриската револуција. Тоа е околу трипати побрзо отколку што се затоплува остатокот од светот. Покачените температури го менуваат и начинот на кој живееле луѓето таму со стотици години наназад.

Одгледувањето на добиток и на елени се намалило за 20%, а луѓето забрзано се иселуваат од селата во градовите. На глобално ниво во моментот имаме најголема количина на СО2 во атмосферата во историјата на човештвото, а климатските промени го загрозуваат опстанокот на милиони животински и растителни видови.

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!