10.9 C
Skopje
четврток, ноември 21, 2019

Џек Ма советува што да правите во 20-тите, 30-тите, 40-тите години за да бидете успешни

Kabtel desktop

„Еднаш во животот обидете се да направите нешто. Работете напорно за нешто. Обидете се да промените нешто. Ништо лошо не може да се случи од тоа“ порачува милијардерот и најбогат Кинез, Џек Ма.

Ма е најбогатиот и најуспешен кинески претприемач и основач на познатиот сајт за е-трговија Alibaba, кој вреди речиси 200 милијарди евра, а тој неодамна ја напушти лидерската позиција во компанијата и отиде во пензија.

Сепак, неговите совети треба сите да ги послушаат затоа што се универзални и применливи. Тој вели дека е сосема природно да грешиме затоа што сме луѓе, а посебно помладите. Ма порачува дека на грешките треба да гледаме како на приходи.

Кога имате 20 години, бидете добри студенти. Навлезете во претприемништвото и стекнете малку искуство. Пред да наполните 30 години следете некого. Појдете во мала компанија. Во големите компании добро е да се учат процесите. Вие тогаш сте дел од една голема машина“ порача Ма.

Но, кога ќе појдете во мала компанија, вие ќе научите што е страст и ќе научите да сонувате.

Со тек на време учиме многу работи. Пред 30-тата година не е битно во која компанија ќе појдете, туку кој шеф ќе го следите. Тоа е многу битно“ додава тој.

Од 30-тата до 40-тата година мора да мислите побистро кога работите за себеси. Ако навистина сакате да бидете претприемачи.

„Од 40-тата до 50-тата година мора да ги правите работите во кои сте добри. Не се обидувајте да навлегувате во нови области. Можеби ќе успеете во нешто, но процентот на смртни случаи на таа возраст е голем“ порачува.

„Но, кога ќе имате 50-60 години, работете со млади луѓе затоа што младите луѓе можат да работат подобро од вас. Затоа, потпрете се на нив и инвестирајте во нив, погрижете се да им биде добро“ советува Ма.

„Кога ќе имате повеќе од 60 години, потрошете го времето на себеси, на плажа. Уживајте“ е последниот совет од кинескиот милијардер.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •