10.9 C
Skopje
четврток, ноември 21, 2019

Фармерите во Кенија пронајдоа иновативно решение за спречување ерозија

Kabtel desktop

Фармерите во Кенија пронајдоа иновативно решение за спречување на ерозијата на земјиштето. Тие почнаа да садат бамбус на стрмните ридови и на речните брегови.

Садењето дрвја исто така им носи и приходи затоа што бамбусот се шири многу брзо и ја врзува земјата со своите корени. Така околното земјиште е безбедно и постабилно дури и кога има поројни дождови.

Освен тоа, кога ќе се исече, бамбусот повторно израснува навистина бргу, па фармерите мора постојано да го сечат бамбусот. Исечениот бамбус го продаваат за изработка на мебел или за градење домови или за оградување на имотите. Но, бамбусот не е совршен. Кога повеќе не сакате да го одгледувате, многу тешко можете да се ослободите од него.

Илјадници луѓе во Кенија секоја година се раселуваат, а стотици ги губат животите при лизгање на земјиште. Бамбусот е тој што ги чува безбедни и им обезбедува средства за опстанок.

Farmers in Kenya have found an innovative solution to stop landslides

Bamboo-zling nature.🔎 Learn more about managing natural disasters: https://wef.ch/2SZnWEk

Posted by World Economic Forum on Четврток, 07 ноември 2019

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •