8 C
Skopje
сабота, ноември 23, 2019

Руските хакери испратија предупредување до Јапонија – да биде спремна за сајбер напади во текот на Олимписките игри

Kabtel desktop

Јапонија се подготвува за Летните олимписки игри кои ќе се одржат во Токио. Организацијата на една таква манифестација носи бројни предизвици, а еден од нив изгледа се руските хакери. Хакерите од злогласната група Fancy Bear веќе се докажаа со нападите во пресрет на американските претседателски избори во 2016 година, учестуваа во нападите на НАТО и Украина, а сакаа да го пореметат и отворањето на Олимпијадата во Јужна Кореја.

Од Microsoft предупредија дека во текот на минатиот месец руските хакери нападнале најмалку 16 спортски и антидопинг организации, при што во неколку напади биле успешни, но најголем дел од нив сепак се без последици. Нападите се случиле пред светската антидопинг агенција да им се закани со суспензија на руските спортисти од многу спортски настани, вклучувајќи ги идните Олимписки игри. При нападите хакерите користеле стандардни алатки како фишинг и искористување на пропустите во ИоТ уредите.

Нападите на спортските организации се предупредување за безбедносните служби и експертите за сајбер безбедност во Јапонија, кои мора да се подготват за слични напади во текот на Олимписките игри. Јапонците сметаат дека одбраната од сајбер напади на Олимписките игри е одличен начин за подобрување на сајбер безбедноста, но по информациите од Fancy Bear, ситуацијата се смени. Сега тие не се баш во паника, но повеќе не се сигурни дали направиле доволно или не.

Остана уште доста време до почеткот на Олимпијадата и нема сомнение дека сите организации посветуваат огромно внимание на заштитата од хакерски напади кои се речиси сигурни и само прашање е дали ќе бидат успешни и дали ќе предизвикаат штета и проблеми.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •