1.8 C
Skopje
сабота, декември 7, 2019

Бизнисот бара законски измени во дуалното образование

Kabtel desktop

Законските недоречености веќе прават проблеми за компаниите кои сакаат да имаат ученици на практична настава кои по школувањето би ги вработиле како стручен кадар.

Законот не предвидува селекција кој се може да влезе во таква паралелка а проблем се и систематските прегледи кои треба да бидат посеопфатни дали ученикот може да ги извршува потребните задачи на пракса и на работа.

Според анкетата на стопанската комора 63% од компаниите имаат недостиг од стручен кадар заради што планираат повеќе вработувања но на пазарот на трудот недостигаат вештини –проблем за кој решението го гледаат во дуалното образование.

Исто така како еден од аргументите за потребата од законски измени за да функционира дуалното образование е и немањето законска обврска а со тоа и финансии за училиштата да можат да спроведат образовен систем со обука на кадар и потребната опрема за практичната настава. 

Стопанската комора на Македонија изминатиот месец одржа состаноци со речиси сите здруженија и со регионалните комори во рамките на Комората, на кои се дебатираше за овој проблем.

Притоа, недостигот од стручен кадар, посебно на поединците со специфични знаења и вештини, беше истакнат како клучен проблем што се одразува на продуктивноста на компаниите, на нивните планови за иден развој и вложувања, што крајно се рефлектира на вкупната национална економија.

„Анализите покажуваат дека иако недостасуваат работници, а на пазарот се нуди работна сила, сепак нема поврзаност на потребите со понудата од аспект на вештините. Тоа значи дека дефицитот на вештини и неусогласеноста на вештините ја нарушуваат конкурентноста на економијата“, посочи на прес-конференција м-р Наташа Јаневска од Стопанската комора на Македонија .

Комората како важен економски партнер со своите капацитети, во соработка со образовните институции, работи на функционалност на дуалното образование како најсоодветно решение и можност за обезбедување стручен кадар според потребите на реалниот сектор и  подготовка на учениците за работа во соодветна компанија. Од тој аспект, со својата стручност Комората и бизнис-секторот активно се вклучија во модернизирањето на образовните програми за стекнување на стручни знаења и практични вештини според потребите на компаниите.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •