1.8 C
Skopje
сабота, декември 7, 2019

Велика Британија пушти во употреба велосипедска патека долга 1.300 км

Kabtel desktop

Од Пик Дистрикт до Џон О’Гроутс, речиси 1.300 км офроуд терен, надолнини и угорнини, шумски патеки и канали сега ги очекуваат велосипедистите авантуристи во Велика Британија. Неодамна беше лансирана велосипедската патека Great North Trail, која е континуирана рута што ја поврзува Англија со Шкотска со цел да се отворат руралните средини за посетители велосипедисти.

Патеката поминува низ Пик Дистрикт, Јоршкир Дејлс и Клајдер Форест во Англија до Лох Ломонд, националниот парк Тросакс и Лох Нес во Шкотска, односно ги опфаќа некои од најубавите места во Велика Британија.

Најголем дел од рутата е составена од офроуд патеки, шумски патеки и помали патишта со малку сообраќај. Дизајнирана е да биде авантуристичка велосипедска патека, главно по неасфалтиран пат. Делови од патеката поминуваат крај мочуришта и стремни предели, па се погодни за поискусни велосипедисти, додека деловите кои поминуваат покрај канали и железнички пруги може да ги користат цели семејства.

Според националните податоци на Велика Британија, една четвртина од луѓето кои ги користат националните шумски патеки тоа го прават на велосипед. Земјата смета дека ако им ги доближи велосипедските патеки на луѓето, тие ќе бидат поздрави и ќе има и економски бенефит.

Одамна е познато дека вежбањето придонесува за подобро здравје. Во случајот со велосипедистите, многу истражувања покажуваат дека престојот во природа и физичката активност во природа имаат огромно позитивно влијание на менталното здравје. Исто така, на тој начин луѓето се зближуваат и се спријателуваат.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •