1.8 C
Skopje
сабота, декември 7, 2019

Холандија ќе ја ограничи брзината на возилата за да го намали загадувањето со азот

Kabtel desktop

Холандија ќе ја ограничи брзината на возилата на максимум 100 км/ч во рамките на итните мерки за намалување на загадувањето со азот. Владата на премиерот Марк Руте со соочува со криза поради судската пресуда од мај годинава, кога беа одложени илјадници градежни проекти затоа што Холандија со години ги крши ограничувањата на дозволената количина азот во околината, како што утврди Европската унија.

За емисијата на азот најпрвин се одговорни возилата, односно автомобилите, камионите и многуте возила за достава и градежните машини кои трошат дизел гориво. Азотот во водата и во почвата главно доаѓа во форма на нитрати кои се наоѓаат во земјоделските ѓубрива и во канализацијата и предизвикуваат прекумерно размножување на алгите.

„Ова не е популарна мерка и никој не ја сака, но ќе послужи за општото добро“ изјави холандскиот премиер. Тој додаде дека мора да се спречи непотребното губење на работни места.

Градежните активности беа стопирани со судска одлука за околу 18.000 проекти врзани за автопатишта, аеродроми, електрани на ветар и станбени проекти. Холандскиот истражувачки институт предвидува пад на приходите од градежните активности за 8% до 2021 година, а потенцијално се загрозени околу 40.000 работни места.

Емисијата на азот во Холандија по жител е четири пати повисока од просекот во ЕУ, а околу 61% од таа емисија отпаѓа на земјоделството.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •