Обезбеден нов заем за автопатот Кичево – Охрид

- Advertisement -

Обезбеден нов заем во износ од 163 милиони евра ( 180 милиони долари ) за изградба на автопатот Кичево- Охрид. Собранието го изгласа предлог законот за ново задолжување кај Експорт – импорт банката од Кина.

Според првичните проекции во 2014 година, кога започна изградбата на 57-километри долгата автопатската делница, истата се проценуваше на околу 360 милиони евра. Но поради сериозни пропусти во трасирањето и проектирањето истата значително ќе ги надмине првичните проекции.

- Advertisement -

За овој проект, кој е дел од Коридорот 8, СЈО отвори предмет „Траекторија“ во кој се обвинети поранешниот премиер Никола Груевски, вицепремиерот во последната влада на ВМРО ДПМНЕ Владимир Пешевски и поранешниот  министер за транспорт во истата влада Миле Јанакиески.

Спротивно на ова деканот на Градежниот Факултет неодамна изјави дека нема пропусти во проектирањето на автопатот Кичево – Охрид – вели . Тој вели дека работата била добро завршена, но никој не можел да предвиди каде ќе се појават подземни води или други проблеми под тлото во ридско – планинско подрачје.

- Advertisement -

Градежниот институт информирал навреме за настанатите проблеми. Деканот напомена дека не се работи за промашена траса на автопатот, како и тоа дека излегле многу невистини во јавноста околу реализацијата на овој обемен проект.

„За таа траса е направен идеен проект, главен проект и се изведува онака како што е проектиран“, вели деканот.

Сподели!
- Advertisement -