2.3 C
Skopje
понеделник, декември 9, 2019

Instagram почна да ги брише лајковите

Kabtel desktop

Една од многуте негативни последици на социјалните мрежи стана зависноста од лајковите и луѓето често објавуваат содржини само за некој да им даде лајк. Исто така, лајковите често станаа и мерило за популарноста, поради кои децата и тинејџерите, но и постарите, чувствуваат притисок секоја објава да има голем број лајкови, а ако некоја објава помине незабележана, некои дури и ги бришат објавите за луѓето да не видат дека има мал број лајкови. Сето тоа влијае на емоционалната состојба и однесувањето, па младите стануваат депресивни и се опседнати со подобрување на својата онлајн репутација, а за сметка на тоа ги запоставуваат обврските од реалниот свет.

Instagram се обидува да стави крај на таквата ситуација и уште од претходно најавија радикален потег кој ќе влијае на повеќе од милијарда корисници на мрежата – сокривањето на бројот на лајкови. Сокривањето на бројот на лајкови не значи дека тие исчезнуваат туку само дека корисниците нема да можат да видат колку лајкови имаат други корисници на Instagram. Корисниците и понатаму ќе можат да ставаат лајк, но бројот на лајкови ќе биде видлив само за сопствениците на профилите.

Компаниите на Цукерберг најавија дека почнуваат со глобална примена на оваа опција, што значи дека промената ќе се види и кај нас. На почеток лајковите нема да бидат сокриени во секоја држава.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •