22 C
Skopje
недела, јули 5, 2020

Следниот месец поврат на ДДВ, 170.000 граѓани скенирале сметки со над 101 милион евра

Kabtel desktop

Граѓаните кои скенираат фискални сметки трошат по 2,2 милиони евра дневно за да ги задоволат основните животни потреби. Според податоците кои ги објави Управата за јавни приходи, од октомври до 15 ти ноември 170 илјади граѓани  скенирале  речиси 13 милиони  сметки , каде е направен вкупен промет од 101 милион евра или над 67 милиони евра месечно, најмногу за храна, гориво, гардероба и книги. Сметките за парно, струја, телефон, вода не влегуваат во проектот за поврат на ДДВ.  Од УЈП задоволни, од оставрениот промет – ДДВ то изнесува 11 милиони евра,  а граѓаните ќе добијат 15% или 1,6 милиони евра. Ова значи дека во просек по 10 евра ќе до добие секој кој скенирал фискална.

За да се зголеми интересот кај граѓаните за проектот, со што би се намалила даночната евазија, министерката за финансии најави од средината на декември, доделување и  парични награди на дневна и месечна основа., како и 2 главни премии. За ова, од буџетот издвоиле половина милион евра.

Во декември треба да легнат и првите пари од скенираното тромесечие – за јули, август и сепетмври. Вкупно на граѓаните ќе има се вратат 3 милиони евра или во просек по 17,6 евра на лицата што скенирале.

Целта на прокетот е граѓаните да бараат фискални, а затајувачите  кои не им издаваат –  да ги санкционира Управта. До ега  нема информации дали и колку објекти се затворени по овој основ или за колку процентио е зголемен прометот во земјава.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •