0.2 C
Skopje
понеделник, декември 16, 2019

Во тек е пријавување за награда за човекови права во бизнисот

Kabtel desktop

Почитувањето на човековите права е обврска на сите сопственици на бизниси менаџери(-ки) и вработени. Трагаме по посветени компании со позитивни практики за унапредување на човековите права во деловната средина. На овој начин, ја поттикнуваме усогласеноста на бизнисите со Водечките принципи за бизнис и човекови права на ОН и Целите за одржлив развој. Ги повикуваме сите компании кои сметаат дека се пример за други  да се пријават за награда.

Сите информации и документи се објавени на: http://konekt.org.mk/nagrada-javenpovik/  

На повикот може да учествуваат сите приватни бизниси од Република Северна Македонија со регистрирано правно лице минимум  3 години пред објавата на повикот.

Пријавувањето е на konekt@konekt.org.mk  најдоцна до 02.12.2019 год. со пополнет формулар за пријава и изјава за веродостојност; документација и линкови за поткрепа (по избор); и тековна состојба од Централниот регистар. 

Формуларите и дополнителни информации достапни на линкот погоре.

Настанот на кој ќе се доделуваат наградите ќе се одржи на 11.12.2019 год. Активностите се одвиваат во рамки на проектот „Поттикнување на принципите за бизнис и човекови права“ финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Конект во партнерство со Бизнис Конфедерација и во соработка со „Mрежатa на Глобалниот договор на ОН во Северна Македонија”.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •