Бесими на средба со Асоцијацијата на странски компании со технолошки напредно производство

- Advertisement -

Министерот за финансии, Фатмир Бесими денеска одржа средба со претставници на компаниите членки на Асоцијацијата на странски компании со технолошки напредно производство при Советот на странски инвеститори, предводени од Виктор Мизо, претседател на Асоцијацијата.

На средбата, информираат од Министерството за финансии, беа разгледани клучните иницијативи и предлози во врска со прашања за  даночната и царинската област, што се од значење за унапредување на работењето на компаниите со технолошки напредно производство, а во функција на зголемување на продуктивноста, конкурентноста, но и атрактивноста на земјава за задржување на постојните и привлекување нови инвеститори.

На состанокот се дискутираше за законската регулатива за даноци и царина, за усогласувањето на царинските стапки и за други значајни прашања кои се од интерес на странските инвеститори.

- Advertisement -

Дел од барањата кои се однесуваа на даночниот третман на исплатениот регрес за годишен одмор, намалување на даночниот биланс од Законот за данокот на добивка и доброволната регистрација за цели на ДДВ во било кој период од годината се веќе прифатени и се очекува нивна реализација во претстојниот период.

Сподели!
- Advertisement -