2.1 C
Skopje
сабота, декември 7, 2019

Новите национални херои на државата се семејните бизниси

Kabtel desktop

Со оглед на економските процеси низ кои изминативе 25 години минува Македонија, може да им се даде признание на семејните бизниси дека се новите национални херои, затоа што и покрај бројните предизвици на земјата, тие опстанале до денес и вработуваат и ги одржуваат локалните економии.

Ова беше еден од заклучоците од Форумот за успешно наследување на семејните бизниси, кој се одржа во Битола минатата недела.

Наследниците на семеен бизнис, претставниците од институциите и од образовниот сектор, дискутираа и споделуваа мислења со цел да се дадат препораки за креирање на политики за поддршка на транзицијата на семејниот бизнис од една генерација во друга.

Иако секој семеен бизнис е различен и не може да се аплицира единствен метод или модел за нивните предизвици, потреби и проблеми, сепак меѓу генералните препораки се:

  • Да се прошири свесноста за добивките и за постоењето на семејните бизниси во една локална економија, преку негување на претприемачката култура во училиштата, институциите и семејството.
  • Да се поддржат наследниците на семејни бизниси во градење на нивни компетенции и знаења, преку обука, коучинг и менторство.
  • Да се инволвираат како посебна категорија во финансиска или техничка поддршка што се даваат преку оперативните планови на државните институции,

Учесниците на форумот се изјаснија дека најсоодветен начин за стекнување со нови знаења и вештини кои ќе ги применат во успешно превземање на семејниот бизнис е преку обука, како и споделување на искуства со други претставници на семејни бизниси.

Форумот беше организиран од Здружението за бизнис совети и обука „ЦЕФЕ Македонија“, во рамки на проектот „Успешно наследување на семеен бизнис во Македонија“, поддржан од Националната Агенција за мобилност и едукација, преку Еразмус+ програмата на Европската Комисија.

Овој настан имаше цел да поттикне дијалог за креирање политики за економски развој и беше претставен и во светски рамки преку Глобалната недела на претприемништвото 2019, што се случува во Македонија од 18 до 24 ноември 2019 година, благодарение на организацијата која ги обединува поддржувачите на стартап екосистемот во државата – Стартап Македонија.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •