0.3 C
Skopje
понеделник, декември 16, 2019

InnoTech Club презентиран пред студентите на Државниот Универзитет во Тетово

Kabtel desktop

На Универзитетот во Тетово студентите се запознаа со InnoTech Club и можноста преку оваа платформа да добиваат најнови и навремени информации за сите програми за финансиска и друга поддршка за младите во земјава.

-Ние обезбедуваме главно информации и почнуваме да ги обединуваме сите активности кои што делуваат на ниво на поддршка на млади претриемачки идеи и старт-ап идеи. Преку зачленување на нашата платформа младите можат да се информираат што, каде и кој во нашата земја обезбедува на таа тема, изјави Верица Јорданова од Иновативост.мк.

Младите ќе се мотивираат и поврзуваат преку Inno Cafe настани, кои во текот на следната година ќе се органзиираат во Скопје, Тетово, Битола и Штип.

Се соочуваме со одлив на млади и кадар од една страна, а од друга страна, уделот на индустријата во БДП се намалува. Што значи во нашата економија е потребно се повеќе да имаме производи односно економија базирана на знаење и на технолошки развој. Токму затоа како тим составен и од професори од технички факултети инициравме проект да се промовираат науката, иновации и технологијата како многу важни аспекти на македонската технологија, рече Јорданова. 

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •