0.3 C
Skopje
понеделник, декември 16, 2019

Зошто сме почесто болни кога надвор е ладно?

Kabtel desktop

Со доаѓањето на зимата се зголемува ризикот да се разболите. Иако ладното време само по себе не предизвикува настинка или грип, вирусите подолго време преживуваат и побргу се шират при пониски температури. Здравствените експерти советуваат дека најдобра опција е да се фокусирате на спречување на потенцијалните инфекции.

Кога нагло ќе паднат температурите и нивото на влага се намалува, па бројот на вируси се зголемува, а имунолошкиот систем слабее. Ладното време може да го загрози имунолошкиот систем, зголемувајќи ја можноста за развој на болести. Постојат цврсти докази дека риновирусите, кои се предизвикувач на најголем дел од настинките, најдобро делуваат на сув и ладен воздух.

Едно неодамнешно истражување покажа дека ниските температури и сувиот воздух го зголемуваат ризикот од заразување со риновирус. Кога вирусот прв пат ќе дојде во контакт со телото, односно носот или грлото, се размножува за да предизвика инфекција. Кога ќе ни падне температурата на телото, што се случува кога е ладно времето, вирусите полесно се размножуваат. Покрај тоа, ниските температури на грипот му овозможуваат заштитен слој, што го прави помоќен и помалку пропустлив. На високи температури тој вирус го губи тој цврст слој и станува помек, па затоа и помалку се шири.

Истовремено, сувиот воздух ја нарушува способноста на имунолошкиот систем да се бори со вирусот.Освен тоа, екстремниот студ предизвикува собирање на крвните садови, што дополнително го нарушува локалниот имунолошки одговор. Понатаму, кога е ладно луѓето почесто седат во затворени простории, каде што вирусите се шират побрзо и полесно.

Риновирусите и другите вируси на ниски температури можат да преживеат и до седум дена во затворени простории, работни површини или на вратите. Вирусите повеќе се задржуваат на тврди површини, на метал и на пластика отколку на меки ткаенини.

Поради недостиг на сонце и повеќе време во затворени простории, луѓето имаат помалку витамин Д, кој му помага на нашиот имунолошки систем подобро да функционира. Затоа, препорака е да се фокусирате на превенција на настинките, а не да се лечите кога веќе сте болни.

Најпрвин, мора често да се мијат рацете. Понатаму, секогаш со себе носете хартиени марамчиња. Истражувањата покажуваат дека така може да се спречат многу респираторни инфекции. Совесните луѓе кашлаат во марамчето, а не во воздухот околу себе и така ја намалуваат шансата за ширење на вирусите. Доколку сте болни, треба да мислите и на другите и максимално да ги заштитите во тој период.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •