3.9 C
Skopje
петок, декември 6, 2019

Стартува субвенционирање на платите. Се очекува раст кај четвртина од вработените!

Kabtel desktop

Законот за субвенционирање на придонеси за задолжително социјално осигурување поради покачување на плати е на сила. Овој закон важи за сите вработени во јавниот сектор и за сите компании. Нема ограничувања за компаниите колку би можеле да ги покачат платите,  но субенционирањето од страна на државата се однесува за покачување од 600 до 6 000денари.

„Во буџетот за 2020 година  се обезбедени 2, 4 милијарди денари кои што се во буџетот на Министерството за труд и социјална политика. Очекуваме дека од 20-25 % од вработените наредната година би требло да ја искористат оваа мерка“, изјави Мила Царовска, министерка за труд и социјална политика.

Субвенционирањето на придонесите за зголемување на платите почнува да се применува со исплата на платите за октомври 2019-та одина, а ќе се применува заклучно со 31.10.2022 година. За исплатените плати за 2019-та година работодавачот кој бара субвенционирање на придонесите треба да поднесе исправки за  лицата кои имаат зголемување на платите со користење на шифрата за субвенционирање. Износот за субвенционирање на октомвриската плата 2019-та година, по поднесената исправка ќе биде реализиран како автоматски поврат со платата за наредниот месец.

„Земени се предвид и исплатите на минималната плата за кои придонесите се плаќаат до најниската основица за пресметка на придонесите. На пример при зголемување на плата од 12, 500 денари на 14, 500  денари  иако се пресметуваат и плаќаат исти придонеси, сепак предвидено е субвенционирање на придонесите на работодавачите пресметана на разликата при зголемување на платите“, истакна Сања Лукаревска, директорка на УЈП.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •