0.3 C
Skopje
понеделник, декември 16, 2019

Heatbox е кутија за храна која сама ја загрева храната

Kabtel desktop

Сега повеќе нема да мора да јадете ладни оброци благодарение на кутијата за храна Heatbox. Доколку на работа или на училиште сте си понеле ручек, кој начесто го јадете ладен, сега ќе можете да јадете храна која ќе има вкус како штотуку да сте ја извадиле од рерна. Освен тоа, нема никогаш да ви истече од кутијата благодарение на иновативниот капак.

Кутијата Heatbox е навистина иновативен гаџет кој може да го користи секој. Се што треба да направите за да го активирате е да притиснете на копчето од предната страна и топлата пареа ќе ја згрее храната. Работи на батерии кои може да се полнат, а самата кутија може да служи како powerbank за други уреди.

Направена е целосно од бамбус и има паметни функции. Преку посебна апликација за телефон можете да изберете соодветна програма за загревање на храната и да истражувате од илјадници рецепти кои можете сами да ги приготвите.

Self-Heating Lunchbox

Self-heating lunchbox enables you to enjoy a hot meal anywhere, anytime.More info: http://bit.ly/34saz4M

Posted by Startup Selfie on Понеделник, 25 ноември 2019

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •