0.3 C
Skopje
понеделник, декември 16, 2019

Рудник САСА ја освои наградата за најдобра општествено одговорна практика

Kabtel desktop

На годинешниот традиционален натпревар за најдобри општествено одговорни практики, што по 12-ти пат го организираа Министерството за економија и Координативното тело за општествена одговорност на претпријатијата, Рудник САСА беше награден за најдобра општествено одговорна практика за реализацијата на својата долгогодишна платформа за поддршка на заедницата. Рудник САСА за првпат учествува на овој национален конкурс, и тоа во категоријата „Вложување во заедницата“, во која секоја година се натпреваруваат најголем број компании.

„Како компанија веруваме дека општествената одговорност е с`ржта на сите наши активности и нераскинлив дел од секој сегмент на нашето работење. Сакаме да ги разбереме потребите на граѓаните и да ги насочиме средствата кон долгорочно одржливи проекти кои навистина ќе бидат од полза за жителите на општина Македонска Каменица и пошироката заедница. Ова признание нѐ прави горди и особено среќни што заедницата во која делуваме и сите засегнати страни ги препознаваат и чувствуваат нашата посветеност и континуирани вложувања“, изјави генералниот директор на Рудник САСА, Олег Телној, заблагодарувајќи се за наградата.

Општествено одговорните активности на Рудник САСА се особено насочени во неколку приоритетни сегменти, како што се: благосостојба и социјалната сигурност на вработените во рудникот, заштитата на здравјето и безбедноста на вработените, изведувачите и посетителите на рудникот, како и заштитата на животната средина. Дополнително, Рудник САСА секоја година вложува и значајни финансиски средства за реализација на голем број активности во образованието, спортот, здравствената и социјалната заштита, културата, инфраструктурата, животната средина и други, со кои се овозможува унапредување на квалитетот на животот во локалната заедница.

„Се надевам дека преку континуирана соработка и партнерство со институциите и претставниците на заедницата, заедно ќе обезбедиме услови за понатамошен развој на рудникот САСА. Со тоа ќе се создадат дополнителни можности за зголемување на нашата постојана поддршка и придонес кон општествениот развој и просперитетот на македонските граѓани“, вели Ник Ширли, директор за одржлив развој во Централ Азија Металс. Рудникот за олово и цинк САСА е најголем македонски рудник со подземно ископување. Од ноември 2017-та, Рудник САСА е дел од Централ Азија Металс, специјализирана компанија за развој на рударство со седиште во Лондон, која котира на Лондонската берза (AIM: CAML). Со купувањето на рудникот САСА од претходните сопственици, Централ Азија Металс започна со реализација на инвестициски циклус кој треба да обезбеди одржлив развој на рудникот, преку вложувања во современа технологија и примена на меѓународни стандарди и практики во рударството

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •