21 C
Skopje
среда, август 12, 2020

Саудиска Арабија ќе гради „спортски град“ од 500 милијарди евра

UAKS desktop

Властите на Саудиска Арабија планираат во блиска иднина да изградат спортски град кој би бил домаќин на големи спортски настани. Во плановите на државата до 2030 година стои дека на брегот на Црвеното Море ќе се изгради град наречен Неом, а за почетокот на изградбата планираат да издвојат 470 милијарди евра.

Неом би бил град во кој би владееле западни закони, каде што посетителите ќе можат да консумираат алкохол и каде што жените ќе имаат далеку поголеми права отколку што имаат во оваа конзервативна земја. Тоа би им помогнало за полесно да организираат големи спортски настани како бокс мечот меѓу Ентони Џошуа и Енди Руиз Јунир, што ќе се одржи утре во Ријад. Планирано е првата фаза од изградбата на градот да биде готова во 2025 година.

Саудиските власти регрутираа многу експерти за јавни настапи изминативте две години, вклучувајќи и неколку од Велика Британија, кои ги советуваат за разни проекти што ги стартува принцот Мохамед бин Салман.

Се верува дека градот би бил држава сам за себе, каде што ќе има значително полиберални закони. Саудиска Арабија честопати ја критикуваат од Амнести интернешнал поради крешење на човекoвите права. Оттаму сметаат дека со организација на важни спортски настани Саудиска Арабија сака само да ја поправи репутацијата на меѓународен план.

Многу земји и понатаму не прифаќаат таму да се одржуваат спортски настани. На пример, шпанската државна телевизија RTVE одби да го пренесува мечот од шпанскиот Суперкуп кој идниот месец ќе се одигра во Џеди, а на кој по новиот систем наместо прваци и победници во Купот на кралот ќе играат четири тима – Реал, Барселона, Ателтико Мадрид и Валенсија.

Во 2020 година во Саудиска Арабија ќе се одржат многу настани. Меѓу другите, таму ќе се одржу велосипедската трка Сауди Тур, а ќе има и премиерен Сауди Куп, односно трка со коњи со награден фонд од 17 милиони евра. Исто така, властите преговараат таму да се одржи и една трка од Формула 1.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •