2.8 C
Skopje
недела, јануари 19, 2020

Германија ги затвора нуклеарките и отвора нов проблем – каде да го носи смртоносниот отпад?

Kabtel desktop

Германија веќе почна да ги затвора своите нуклеарни централи, а планот е во текот на наредните години сите да бидат затворени. Меѓутоа, тоа отвора нов проблем кој научниците се обидуваат да го решат. Станува збор за повеќе од 28.000 кубни метри отпад за наредните милион години, колку што е потребно за тој да се распадне.

Експертите на чело со професорот Миранда Шрерс бараат локација на која би се закопале 2.000 контејнери високо радиоактивен отпад. Местото мора да биде исклучително безбедно, заштитено од подземни води или земјотреси, кои би можеле да предизвикаат протекување.

Научниците се соочуваат со огромни предизвици – како смртоносниот отпад да го транспортираат, како да најдат соодветен материјал во кој да го затворат и на крајот на идните поколенија да им испратат порака за постоењето на отпадот. Но, моментално најголемиот предизвик е да се најде локална заедница која ќе прифати нуклеарна депонија да биде изграден буквално во двор.

Германија реши да ги затвори своите нуклеарки после инцидентот во електраната Фукушима во Јапонија, а планот е седум од централите да се затворат до 2022 година. Владата ја одреди 2031 година како краен рок за да се најде соодветна локација за трајно складирање на нуклеарниот отпад. Отпадот моментално се наоѓа на привремени локации, најчесто во близина на електраните од каде што потекнува. Меѓутоа, тие објекти се направени да го чуваат отпадот само неколку децении. Како што кажува и самото име, овој отпад е најопасен, односно најсмртоносен, а се состои од шипки за гориво од електраните.

Ако го отворите контејнерот во кој се наоѓаат тие шипки, ќе умрете во истиот момент, предупредуваат експертите. Додаваат дека тие шипки се многу врели и многу е тешко безбедно да се транспортираат. Засега се чуваат во контејнери во кои се ладат со децении. Ширум Германија се наоѓаат десетина локации на кои има контејнери со шипки, а сега треба да им се најде трајно место.

Местото каде што ќе бидат складирани трајно мора да биде геолошки чисто, многу стабилно. Не смее да има земјотреси, не смее да има каков било знак за водотек, не смее да биде порозна карпа.

Финска, која има четири нуклеарки и планира да гради уште, е светски лидер во складирањето нуклеарен отпад. Нивното решение е трајно закопување во гранитна подлога. Проблемот на Германија е тоа што таму нема многу гранит. Наместо тоа, мора да се најде со подлогата која ја има – солени карпи, глина и кристален гранит. Тимот експерти се надеваат дека во наредните години ќе најдат можна локација во Германија, затоа што од самиот почеток не било во план да се извезува отпадот.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •