2.8 C
Skopje
недела, јануари 19, 2020

Законски ќе се регулира возењето електрични тротинети

Kabtel desktop

Комисијата за одбрана и безбедност денеска за понатамошно читање предложи измени и дополнувања на 14 закони, кои генерално како што појасни министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски се усогласувања со законот за прекршоци освен кај измените на законот за безбедност во сообраќајот. Со Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, како што кажа Спасовски се предвидува укинување на негативните поени за возачите, бидејќи се увидело дека тоа не биле ефикасно за подобрување на безбедноста во сообраќајот.

Се уредува и управувањето со тротинети во сообраќајот, што според министерот за внатрешни работи, ќе биде на ниво на велосипеди.

Тука апсолутна немаше никаква регулација, каде да се движат, кој правила треба да ги исполнуваат. И тука ги имаме дефинирано услови за нивното учество во сообраќајот, каде може да се движат, брзината, возраста на лицето кое управува со нив, користење на заштитна опрема, употребата на светла… Практично тоа е на ниво на велосипеди, информираше Спасовски.

Исто така се предлага и зголемување на возрасната граница за управување со автомобил од 70 на 75 години и рокот на важење на сообраќајната дозвола до пет години. 

Во однос на глобите тие се намалуваат, како што кажа Спасовски, согласно законот за прекршоци. Во однос на правните лица, сумата ќе биде во зависност од големината на компанијата или трговците.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •