Кога ќе се спомене името Nokia вообичаено сите веднаш помислуваат на мобилни телефони, но овој пат брендот го направи својот прв паметен телевизиски уред. Nokia издаде лиценца за користење на името на индиската компанија Flipkart и така настана првиот смарт ТВ уред со името на популарниот бренд.
„Flipkart ги разбира потребите и однесувањето на индиските купувачи и ќе помогне смарт ТВ уредите на брендот Nokia да имаат пристапна и поволна цена“, велат од Flipkart.
Станува збор за 55-инчен Nokia Ultra HD (4K) LED Smart Android TV уред, кој има два звучници од 24W, кои се дел од системот JBL. Форматот на екранот е 16:9, а фреквенцијата на освежување 60Hz. Телевизорот има HDMI и два USB порта, а поддржува Dolby Vision и HDR10.
Првиот смарт ТВ уред на Nokia ќе се продава по цена од 589 долари, а продажбата почнува на 10 декември.