0.4 C
Skopje
недела, јануари 19, 2020

Со овој изум никогаш повеќе не мора да ги врзувате врвките на чевли

Kabtel desktop

Сите сакаме да носиме убави и удобни чевли, а голем дел од нив се со врвци. Иако се практично решение, не секогаш имаме време да ги врзуваме врвците и сакаме само набрзина да излетаме низ врата. Доколку ја сакате естетиката на врвците на чевли, наместо чевли со ластик или патенти, а сте мрзеливи, овој изум е само за вас.

Zubits Magnetic Lacing е иновативно решение кое ќе ве спаси од врзувањето врвци и ќе ви го олесни секојдневието. Zubits се магнетни додатоци кои се поставуваат на врвците на чевлите и никогаш повеќе нема да мора да ги врзувате.

Додатоците ги има во 14 различни бои, а имаат доживотна гаранција. Неодамна заврши кампањата на Kickstarter и беа собрани околу 200.000 долари. Доколку сакате да нарачате пар Zubits, можете да го направите на овој линк. Еден пар чини 14 долари, два пара 28 долари, три пара 42 долари итн. Овие цени се во преднарачка, а малопродажните ќе бидат секако повисоки, па ако сакате да заштедите, сега е моментот да ги купите.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •