Шеесет ученици учеа програмирање на ФЕИТ

- Advertisement -

Шеесетина ученици од девет средни училишта од Македонија се запознаа со основите на програмирањето преку иницијативата „Hour of Code“, која вчера се одржа на Факултетот за електротехника и информациски технологии.

Средношколците, заедно со студентите на Факултетот, на овој меѓународен и традиционален настан разменија искуства во однос на нивните интереси, желби и можни идни насоки за студирање на областите од компјутерското инженерство кои се негуваат на ФЕИТ.

- Advertisement -

Преку едночасовниот вовед во компјутерскиот свет и програмирањето се демистифицира „кодирањето“, покажувајќи дека секој може да ги научи основите и да го прошири своето знаење за компјутерите и компјутерскиот свет. 

Иницијативата за организација на настанот потекнува од студентите и од наставниот кадар на Институтот за компјутерски технологии и инженерство за да се доближи програмирањето до младите генерации од сите возрасти. Овој настан е дел од иницијативата Hour of Code, организирана од компанијата code.org

Сподели!
- Advertisement -