-7.2 C
Skopje
вторник, јануари 25, 2022

Најголемата 3Д печатена зграда во светот е готова после 2 недели печатење

Kabtel desktop

3Д печатењето брзо зема замав како евтин и одржлив начин на градење и се почесто го избираат архитекти од целиот свет. Всушност, бостонската компанија Apis Cor, позната по својата 3Д печатена архитектура, штотуку ја комплетираше изградбата на најголемата 3Д печатена зграда во светот. Зградата се наоѓа во Дубаи, има површина од 650 квадратни метри и беше изградена за само две недели.

Apis Cor стана лидер во светот на 3Д печатењето. Од минијатурни домови во Москва со евтини домови во Калифорнија и Луизијана, врвните техники на оваа компанија се користат за разни видови проекти. Иако компанијата работи во секакви услови по целиот свет, суровата клима во Дубаи ги стави на тест стандардните методи на печатење.

Дубаи е познат по екстремната клима, каде што температурите лесно се покачуваат или паѓаат. Затоа материјалите кои се користат за печатење мора за издржат есктремен студ и пеколна горештина. Освен тоа, работењето на толку голем проект било предизвик само по себе.

Со оглед на површината, за изградба на ваква зграда на конвенционален начин би биле потребни огромни скелиња, но бидејќи 3Д печатачот на Apis Cor со големина на автомобил е мобилен, зградата е направена на лице место и поефикасно отколку традиционални градежни проекти.

Зградата ќе биде седиште на административни канцеларии за властите на Дубаи и има бела фасада која ја рефлектира сончевата светлина. Комбинацијата од бетон и гипс за печатење на зградата и обезбедува природна изолација, па во внатрешноста температурата ќе биде пријатна во текот на целата година.

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!