Македонските граѓани со картички најмногу плаќале во Велика Британија

- Advertisement -

Вкупниот број на остварени трансакции со домашни платежни картички на уредите лоцирани во странство лани изнесувал 6,7 милиони трансакции што е годишен раст од 26 отсто. Трансакциите се во вредност од 15,1 милијарда денари или за една година пораснале за 13,2 отсто. Ова го покажуваат покажуваат податоците на Народната банка.

Македонските граѓани со картички најмногу плаќале во Велика Британија вкупно 22,54 отсто, САД 8,4 отсто и во Србија 7,5 отсто. Во странство со картички најмногу се плаќало на интернет, директно на физичките места и најмалку се повлекувала готовина. Покрај овие три земји во десетте се издвојуваат уште и Бугарија, Грција Унгарија, Ирска, Луксембург, Германија и Холандија.

- Advertisement -

Најголеми износи на плаќање со македонски картички има во Унгарија вкупно 11,34 отсто од вредноста на трансакциите. Следуваат Велика Британија 11,30 отсто и Грција со 9,6 отсто.

Во земјава најмногу транскации со странски картички имало од картички издадени од финансиски институции во САД, Велика Британија и во Србија. Со странски кредитни карички најмногу се плаќало на интернет, директно на физичките места и најмалку се повлекувала готовина.

- Advertisement -

Највисоки вредности на трансакциите кон нашава земја имало од САД, Германија и Велика Британија. Направени се 5,5 милиони трансакции.

Македонците дома направиле најмногу трансакции со своите платежни картички или  80,7 милиони трансакции.

- Advertisement -

Број платежни картички на крајот на 2018 година 1,821,483. Од нив 80 отсто се дебитни картички, 20 отсто кредитни картички.

Сподели!
- Advertisement -